Најдобрата слаткарка на светот наместо чоколадо користи грав, наместо шеќер – сол

Маша Салопек работи во Словенија, таа е главна слаткарка на врвниот словенечки ресторан Хиша Франко, а нејзините деликатеси ги препознало најстрогото жири во светот и на изборот на The Best Chef Top100 во Амстердам таа е крунисана за најдобра слаткарка во светот.

0
676

Изборот на The Best Chef Top100 е еден од најважните и највлијателните во ресторанската индустрија. Специфичноста на овие награди е тоа што готвачите се избираат исклучиво од професионалци од ресторанската индустрија, па станува збор за престижна награда во струката.

Оваа година, за најдобра слаткарка во овој избор е прогласена Маша Салопек, главна слаткарка во словенечкиот ресторан со две Мишелин ѕвезди „Хиша Франко“, а Ана Рош, шеф во истиот ресторан е седма во изборот на 100 најдобри готвачи во светот.

Најдобрата слаткарка во светот е од Чаковец и за хрватските медиуми открива дека во своите десерти претпочита сол наместо шеќер, а наместо чоколадо, користи грав.

Фото: Фејсбук