Сарма делукс

Новогодишна трпеза без сарма е како тава ориз без копани или како грав без сланина...Затоа, за сите нови и стари домаќини, еве уште еден од многуте рецепти за новогодишната сарма делукс

0
730

Состојки:
1 кг мелено месо
1 кг суво месо
1 лажица мешавина од зачини
1 главица кисела зелка
1 кромид
100 г ориз
100 г сланина
Малку црвен пипер
Исечкана кисела зелка

Приготвување:
1. Зачинете го месото, додадете го сечканиот кромид кој претходно го динставте на зејтин, оризот, црвениот пипер и сланината исечена на коцкички.
2. Од главицата кисела зелка издвоите убави листови и завиткајте го во нив месото.
3. На дното од лонецот за варење ставете еден лист кисела зелка, потоа наредете ги сармите, ставете парче-две суво месо и се покријте со исечкана кисела зелка.
4. Редете така додека не ги потрошите сите состојки, а завршете со сечкана кисела зелка. Подлејте со вода и варете околу 2 часа на тивок оган.