Не претерувајте со ова овошје

Загрепчанка завршила во болница со неподнослива болка во стомакот

0
353

Јадењето овошје е здраво, но како и за се друго треба да се биде умерен и со овошјето. Со ништо не треба да се претерува. Ова го открила и 42-годишната жена од Загреб, откако отишла во итна помош во загрепската болница „Свети Дух“ поради неподносливи болки во стомакот, каде што набрзо ѝ бил дијагностицирано акутно воспаление на панкреасот, но тоа не било единственото изненадување.

Таа дошла на ургентно со болки во стомакот, гадење и повраќање и тапа болка во горниот дел на стомакот што се ширела под десниот ребрен лак и во грбот, без температура, абдоминална траума, без историја на лекови, алкохол или други опојни средства, па затоа ниту лекарите ниту таа не биле изненадени кога ѝ бил дијагностицирам акутно воспаление на панкреасот.

Почнало лекувањето, болката се намалила, лабораториските наоди се подобриле, но третиот ден повторно се појавиле спазматични болки во горниот дел на стомакот, за кој излегло дека се виновни – јапонските јаболка.

По првичната дијагноза, жената од Загреб била упатена на ендоскопски преглед, а лекарите се шокирале од тоа што го виделе – голем фитобезоар го зафатил речиси целиот лумен на желудникот, а потоа била утврдена интестинална опструкција. Безоар е акумулација од несварливи влакна од јапонски јаболка кои жената, инаку веганка која јаде исклучиво сурова храна во последните шест години, ги јадела во поголеми количини. Имено, жената секој ден јадела јапонски јаболка во количина помеѓу половина и еден килограм дневно.

Влакната од јаболката не се свариле, туку се акумулирале во цревата. Пациентката била оперирана и успешно закрепнала, но докторите кои ја оперирале предупредуваат: „Безоарот не мора да предизвикува никакви симптоми, но може да предизвика и компликации, а некои од овие компликации можат да бидат опасни по живот“. Треба да се побара помош од лекар.

Фото: Pexels