Кои намирници (речиси) никогаш не можат да се расипат?

Можеби нема да имаат ист вкус како кога се свежи или ќе изгледаат малку поинаку, но се додека ги чувате овие намирници под соодветни услови (т.е. избегнувате топлина и директна сончева светлина), можете да ги чувате - многу долго време

0
353

Датумот на истекување на рокот на намирниците е еден од најпроблематичните делови на растечкиот проблем со кој се соочува нашата планета кога станува збор за отпадот. Безбедноста секогаш е на прво место, така што секоја година доброволно се фрла повеќе од една третина од храната во светот.

Се прашувате како на тоа влијаат датумите на истекување на рокот? Имено, во обид да се намали отпадот од храна, важно е потрошувачите да разберат дека датумите што се применуваат на намирниците се поврзани со квалитетот, а не секогаш со безбедноста.

Рокот на траење се однесува на квалитетот на производот, а не на безбедноста

Прехранбените производи се безбедни за консумирање дури и по датумот на рокот на траење, па дури и ако производот не е близу до датумот на истекување на рокот, потрошувачите треба да го проценат неговиот квалитет пред да го консумираат. Исклучок се адаптираните млечни производи за возрасни и доенчиња, како и одредена храна за бебиња која од безбедносни причини има пропишани рокови на траење.

Она што е клучно кога станува збор за храна или пијалаци е да проверите дали има знаци на расипување. Носот знае дека расипаната храна ќе развие непријатен мирис, вкус или текстура заради природните бактерии од расипувањето. Ако храната развила такви карактеристики, не треба да се јаде.
Но, постојат одредени намирници кои всушност, речиси никогаш не се расипуваат. Секако, тие можеби нема да имаат ист вкус како кога се свежи или ќе изгледаат малку поинаку, но се додека ја чувате оваа храна под соодветни услови (т.е. избегнувате топлина и директна сончева светлина), можете да ја чувате – ногу долго време.

1 Флаширана вода
Неотворената, флаширана вода може да трае неограничено, иако условите за складирање можат да влијаат на нејзиниот вкус, вклучително и сe друго што се чува околу неа. Меѓутоа, местото каде што се складирани и изложеноста на сончева светлина, исто така, играат важна улога во квалитетот.

2 Шеќер
Кога се чува во оставата, на темно, суво и ладно место, шеќерот никогаш нема да се расипе! Но, за најдобар квалитет, искористете го во рок од две години.

3 Конзервирана храна со ниска киселина
Конзервираната храна со мала содржина на киселина, како што се месо, грав, грашок, супи, зеленчук или туна, може да се чуваат две до пет години. Конзервирани производи со висока киселина, како што се сос од домати и овошје, може да се чуваат до 18 месеци.
За оптимална долговечност, експертите препорачуваат конзервираната храна и други производи што се стабилни на полиците да се чуваат на ладно и суво место. Никогаш не ставајте ги над или до шпоретот, под мијалникот, во влажна гаража или подрум, или на кое било место изложено на екстремни температури. Проверете во плакарот на секои неколку недели и не купувајте испакнати, ‘рѓосани, растечени или вдлабнати лименки.

4 Соја сос
Неотворен, овој магичен еликсир ќе остане во оставата, плакарот три години или подолго. Кога ќе се отвори, чувајте го во фрижидер и ќе трае скоро исто толку долго.

5 Ориз и тестенини
Тестенините и оризот, омилениот прилог на повеќето луѓе, може да се чуваат до две години.

6 Сув грав
Една од најценетите намирници, сувиот грав, е стабилен на полиците и до две години.

7 Мед
Имате две години да го искористите медот – само чувајте го на ладно и темно место бидејќи може да се искристализира. Ако се искристализира, сепак е сосема безбеден  и вкусен.

8 Масло од канола
Верувале или не, неотвореното масло од канола што седи во вашата остава, ќе остане свежа две години – на ладно и суво место. Чувајте го во фрижидер и ќе трае подолго.

9 Суво овошје
Вашата омилена попладневна закуска ќе остане во оставата, чајната кујна помеѓу една и две години. А за да трае уште подолго, чувајте го во замрзнувач.

10 Кесички со чај
Навистина, вашиот омилен пијалак ќе остане до три години во оставата, ако не се отвори. Меѓутоа, откако ќе се отвори кутијата, кесите ќе траат само 18 месеци.

11 Семе од коноп и чиа семе
Можете да ги чувате овие семиња до една година. Неотворени пакувања со семе од коноп и подолго, а за оптимална свежина чувајте го чиа семето во херметички затворен сад во фрижидер.

Фото: Pexels