Неверојатна комбинација за џем: нане и лимон

Пробајте го овој нов вкус, нема да зажалите. Направете домашен џем од нане и лимон.

0
180

Сигурно сте пробале многу варијанти на џемови од различни плодови, но ова се уште не сте го пробале. Сите знаеме колку е вкусен џемот од кајсии, од јагоди … и како совршено се вклопуваат со парче леб или палачинки. Но, сега не заборавајте да го пробате овој освежителен џем од нане и лимон. Тој е толку добар што сигурно нема да се покаете.

Ако сакате да го мачкате на домашен леб, тогаш направете го овој од само 4 состојки.

Состојки:

1 кг шеќер
500 мл вода
250 г нане
2 лимони

Приготвување:

Измијте ги лисјата од нане заедно со стебленцата, исушете ги и исечете ги. Ситно исечкајте го лимонот заедно со кората. Ставете во тенџере, варете 10 минути, а потоа оставете да отстои еден ден. Добро процедете ја смесата, додадете шеќер и варете додека не се згусне. Истурете го топлиот џем од нане и лимон во стерилни тегли и затворете.

Фото: Freepik