Состојки:
100 г гриз
50 г путер или маслиново масло
1 јајце
Сол, бибер, морско оревче
Приготвување:
- Помешајте ги сите состојки и веднаш, со помош на две лажички обликувајте кнедли и ставајте ги во зовриена супа. Супата не смее да врие толку за да се прелева.
- Поклопете ја супата и оставете ја да се вари полека околу 20 минути, а потоа исклучете ја ринглата и оставете ја уште 10 минути.
Совет: Важно е од смесата веднаш да ги направите кнедлите затоа што со стоењето кнедлите ќе се распаднат.