Се подготвува за десетина минути, но се чека три часа за да се олади. Главна состојка е грчки јогурт или павлака, а десерт кој содржи јогурт или павлака е секогаш добро решение кога е лето.
Состојки:
20 г желатин
3 жолчки
100 г шеќер
350 мл млеко
1 лажичка ванилин шеќер
300 г грчки јогурт (или павлака)
10 бисквити
Приготвување:
Измешајте го желатинот со вода. Изматете ги жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер, па ставете ги на рингла. Додадете го млекото, измешајте и оставете да зоврие. Тргнете го од оган, додадете го набабрениот желатин и промешајте. Потоа додадете грчки јогурт или павлака.
Истурете ја смесата во сад од 12×20 цм обложен со хартија за печење и најодозгора наредете ги бисквитите. Покријте го колачот со проѕирна фолија и ставете го во фрижидер на 3 часа. Потоа превртете го и тргнете го од садот во кој се ладел, па поросете со рендано чоколадо или додадете некое сезонско овошје.
Фото: Принтскрин јутјуб (WHAT TO COOK)