Лесен, кремаст и брз летен колач (ВИДЕО)

Оваа торта е неверојатно популарна на Јутјуб заради лесната подготовка и освежителниот вкус. Ако наместо рендано чоколадо, ставите одозгора некое летно овошје, ќе биде уште поосвежителна,

0
404

Се подготвува за десетина минути, но се чека три часа за да се олади. Главна состојка е грчки јогурт или павлака, а десерт кој содржи јогурт или павлака е секогаш добро решение кога е лето.

Состојки:

20 г желатин
3 жолчки
100 г шеќер
350 мл млеко
1 лажичка ванилин шеќер
300 г грчки јогурт (или павлака)
10 бисквити

Приготвување:

Измешајте го желатинот со вода. Изматете ги жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер, па ставете ги на рингла. Додадете го млекото, измешајте и оставете да зоврие. Тргнете го од оган, додадете го набабрениот желатин и промешајте. Потоа додадете грчки јогурт или павлака.

Истурете ја смесата во сад од 12×20 цм обложен со хартија за печење и најодозгора наредете ги бисквитите. Покријте го колачот со проѕирна фолија и ставете го во фрижидер на 3 часа. Потоа превртете го и тргнете го од садот во кој се ладел, па поросете со рендано чоколадо или додадете некое сезонско овошје.

Фото: Принтскрин јутјуб (WHAT TO COOK)