Сочни внатре, крцкави однадвор компирите од рерна се одличен прилог за ручек, но и самостоен оброк, најубаво, со салата …
Неколку лажици палента се доволни за совршено печени компири, а за да бидат уште повкусни, поиграјте си со зачини како сладок или лут мелен пипер, оригано, лук или кромид во прав.
Состојки:
500 г компири
3 лажици палента
2 лажички мелен пипер
сол и црн пипер
масло или свинска маст
Приготвување:
Измијте ги компирите, излупете ги и исечете ги на четвртини и исушете ги со кујнска крпа.
Во сад измешајте ги палентата, солта, црниот пипер и мелениот пипер, па измешајте ги внатре компирите и потоа ставете ги во намастен плех.
Печете ги во загреана рерна на 200°C околу 45 минути, или додека не станат крцкави.
Фото: Freepik