Чоколаден колач со маџун, мак и чиа семе

Колачот е направен онака, без рецепт и излезе добро. Евентуално, можеби требаше да се пече во помал сад за да биде подебел, ама вкусен беше и вака.

0
212

Состојки:

3 јајца
100 мл маџун (ако немате маџун, ставете шеќер или некој друг, поздрав засладувач)
1 кесичка ванилин шеќер
150 мл јогурт
100 мл маслиново масло (помас)
1 кесичка прашок за пециво
150 г брашно
100 г мак и 50 г чиа семе

100 г црно чоколадо

За глазурата:
150 г чоколадо
50 г путер

50 мл млеко

Приготвување:

Изматете ги јајцата, па додадете маџун и ванилин шеќер.
Потоа додадете јогурт и масло и мешајте додека смесата не се соедини.
Додадете брашно со прашок за пециво, а на крајот додадете ги семињата и ситно сечкано или рендано чоколадо.

Истурете ја смесата во подмакан плех и печете на 200 степени околу 30-35 минути.
Подгответе ја чоколадната глазура. Стопете ги путерот. чоколадото и додадете го млекото па прелијте го готовиот колач.