Еднаш е Велигден, ама јајца треба да се јадат многу почесто

Една од најчестите заблуди е дека јајцата, поточно, жолчките, го зголемуваат холестеролот и се лоши за здравјето на срцето, а белката е чист протеин и подобро е да се јаде без жолчка.

0
188

Ако претеравте со јајца за Велигден, не се загрижувајте премногу. Не е секој ден Велигден, но откако ќе се одморите од јајцата, не чекајте до следниот Велигден, консумирајте ги почесто.

За почеток, еве ги нутриционистичките факти за јајцата.

Едно цело јајце има во просек:

71,5 калории
6,3 г протеини (пола во белката, пола во жолчката)
5,0 г маснотии (1,5 заситени, 1,9 мононезаситени, 0,7 полинезаситени, омега-3 масни киселини 37 мг, омега-6 масни киселини 574 мг)
0,4 г јаглехидрати

Една од најчестите заблуди е дека јајцата, поточно, жолчките, го зголемуваат холестеролот и се лоши за здравјето на срцето, а белката е чист протеин и подобро е да се јаде без жолчка. Да, белката од јајце е најдобриот извор на висококвалитетни протеини, но жолчката е всушност најздравиот дел од јајцето – богата е со холин, кој игра важна улога во мозокот и е важна за здрав вид; содржи лутеин и зеаксантин кои го намалуваат ризикот од влошување на видот што доаѓа со возраста.

Жолчката кај огромното мнозинство на луѓе не го зголемува холестеролот во крвта ниту ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Луѓето кои сепак треба да ја намалат консумацијата на жолчка од јајце се дијабетичарите, луѓе кои страдаат од срцеви заболувања или висок холестерол. Ако немате некои специфични здравствени проблеми, нема друга причина да не јадете цели јајца.

Практични аспекти од консумацијата на јајца:

Тие имаат специфичен вкус и можат да се јадат сами.
Тврдо варените јајца се многу практични да се понесат како целосен оброк.
Жолчката ги содржи повеќето најесенцијални хранливи материи.
Белките од јајца се идеални за оние на кои им е потребна нискокалорична храна богата со протеини.
Белките може да се додадат во различни јадења и да се зачинат на различни начини, бидејќи нивниот вкус е неутрален.

Фото: Pexels