4 зачини кои ги ублажуваат симптомите на артритис

Артритисот е хронично воспаление на зглобовите, а главните симптоми се оток, болка и осетливост на зглобовите. За жал, не постои лек за артритис, но постојат начини да се ублажат симптомите.

0
173

Eве неколку зачини за кои е докажано дека имаат одлично антиинфламаторно дејство, со што се намалуваат хроничните воспаленија во организмот, а резултатот се ублажени симптоми на артритис. Но, пред да започнете со секојдневно консумирање на овие зачини, задолжително консултирајте се со вашиот лекар, особено ако страдате од кардиоваскуларни болести или дијабетес.

Ѓумбир
Ѓумбирот има одлични антиинфламаторни својства, а досегашните истражувања покажаа дека тој е ефикасен во ублажување на симптомите на артритис.

Куркума
Главната лековита состојка во куркумата е куркумин, а познато е дека тој има одлични антиинфламаторни и антиоксидантни својства.

Цимет
Одличен вкус и примамлива арома, а во исто време и лековит. Истражувањата покажаа дека луѓето кои консумираат 1 лажичка цимет дневно во период од 90 дена, доживуваат намалени симптоми на артритис.

Лук
Познато е дека лукот има моќни антиинфламаторни својства и може да ги ублажи симптомите на артритис. Лукот дава најдобри резултати кога се консумира сиров.

Фото: Pexels-Pixabay