Се проценува дека секоја десетта личност страда од хипертензија, т.е. висок крвен притисок. Ако и вие сте меѓу нив, тогаш е време да се позанимавате со својата исхрана.
Следните намирници се пријатели на вашето срце и треба редовно да ги консумирате, без разлика дали веќе имате проблеми со висок крвен притисок или сте здрави, но сакате да го намалите ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Лимоните, портокалите и другите агруми се богати со витамини и минерали, кои помагаат во намалување на крвниот притисок. Лимонот се истакнува особено по ова својство бидејќи содржи флавоноиди. Грејпфрутот е исто така ефикасен во борбата против хипертензијата, но не се препорачува да го консумирате доколку земате лекови против притисок.
Истражувањата покажале дека омега-3 масните киселини од лососот и други риби го намалуваат високиот крвен притисок. Овие киселини се, всушност, одговорни за регулирање на нивото на оксилипин, соединенија одговорни за стеснување на крвните садови.
Семките од тиква содржат висока концентрација на хранливи материи неопходни за контрола на крвниот притисок. Тие содржат многу магнезиум, калиум и аргинин, аминокиселини кои произведуваат азотни оксиди, кои се клучни за намалување на крвниот притисок.
Грав. Потрудете се гравот и леќата да се најдат на вашата трпеза што е можно почесто. Поради високата содржина на магнезиум и калиум, тие се одличен лек против хипертензија, а здрави се и поради големата количина на растителни влакна.
Ако сакате да грицкате нешто за ужинка, а исто така сакате да се храните здраво, изберете ф’стаци. Тие содржат многу хранливи материи кои имаат корисен ефект врз здравјето на срцето и крвните садови, вклучително и калиум.
Фото: Pexels