Состојки:
За тестото:
250 г брашно
150 мл млака вода
Сол
За филот од компири и праз:
100 г црвен компир
100 г ситно сечкан праз (само белиот и светлозелениот дел)
Свежи листови од кориандер
1 чешне лук
Сол, бибер
Маслиново масло
Приготвување:
1. Сварете ги компирите и згмечете ги со вилушка. Празот пропржете го на малку маслиново масло колку малку да омекне.
2. Кога ќе омекне празот додадете му ги компирите и останатите состојки.
3. Тестото расукајте го во тенка кора и исечете го на еднакви квадрати. На половина од тестото ставете фил, а со другата чполовина поклопете го така за да добиете триаголен џеб од тесто. Печете го во рерна 20 минути на 200°C.
4. Традиционално, авганистанските болани се пржат во зејтин од секоја страна по отприлика 5 минути, а на улица се продаваат завиткани во хартија. Но поздраво е само да ги испечете. Поросете ги со сечкан кориандер и послужете со кисело млеко.