Сокот од овој зеленчук е корисен за белите дробови, желудникот,…

Се покажа дека сокот од зелка е одличен во намалување на симптомите предизвикани од артритис, при третман на гихт, ревматизам и други воспаленија. Исто така се препорачува за зајакнување на имунитетот, но и за регулирање на работата на цревата. Постојат индикации и дека ја подобрува крвната слика.

0
386
Фото: Pixabay

Подгответе сок од овој зеленчук и подобрете го здравјето затоа што има корисен ефект врз белите дробови, стомакот

Се покажа дека сокот од зелка е одличен во намалување на симптомите предизвикани од астритис, при третман на гихт, ревматизам и други воспаленија. Исто така се препорачува за зајакнување на имунитетот, но и за регулирање на работата на цревата. Постојат назнаки дека ја подобрува и крвната слика.

Нутритивна вредност на сокот

Содржи витамини, минерали и здрави влакна. Тој е богат извор на минерали, и тоа на калциум, калиум, железо, фосфор, цинк, магнезиум и бакар.

Исто така, ги содржи сите најважни витамини А, Б 1 и Б2, Ц, К и П. Тие се неопходни за правилно функционирање на организмот. Сокот од зелка има повеќе витамин Ц отколку портокалот. Тој е најдобриот извор на калиум, кој има значајна улога во регулирањето на работата на срцето и нервниот систем.

За што е добар сокот од зелка?

За крвната слика

Пиењето на овој пијалок може во голема мерка да ја подобри крвната слика. Првенствено се препорачува за млади жени, кои имаат обилни циклуси.

Ги ублажува анксиозноста и нервозата

Пиењето свеж сок од зелка се препорачува за ублажување на анксиозноста и нервозата. Сокот од зелка може да го подобри спиењето и да ја елиминира несоницата затоа што делува релаксирачки и смирувачки врз телото и мускулите.

За белите дробови

Овој пијалок може да има корисен ефект врз дишните патишта.

За стомакот

Свежо цеден сок од зелка е спас за секој што страда од гастритис. Исто така се препорачува за луѓе кои имаат проблем со варење и бавен метаболизам.

За хеликобактер

Свеж домашен сок од зелка веќе долго време се користи за лекување на хеликобактер пилори.

Еве како да го направите сокот од зелка:

Најдобро е свежата зелка да се исцеди во соковник. Може да користите и бела и црвена зелка. Главицата најпрво добро се плакне и се сече на парчиња коишто се ставаат во соковникот. Процедурата е иста како кога подготвувате сок од некое друго овошје или зеленчук.

По желба може да се комбинира и со друг зеленчук или овошје. Ако сакате пак да го пиете како лек за желудникот, тогаш треба да го пиете чист или во комбинација со морков бидејќи тој има благотворно дејство на желудникот.

Сокот од зелка како лек за желудникот се пие три пати на ден, и тоа по 1 децилитар сок, пред оброците.

Фото: Pixabay