Не е лесно да се идентификува храната што го намалува нивото на шеќер во крвта. Гликемискиот индекс е мерна единица за зголемување на нивото на шеќер по консумирање намирници на база на јаглени хидрати. Може да се каже дека гликемискиот индекс е брзина со која со која некој јаглехидрат го зголемува нивото на шеќер во крвта. На пример, варените моркови имаат висок гликемиски индекс, но дали тоа значи дека оваа храна, што е на некој начин симбол на здрава исхрана, всушност не е пожелна?
Не, затоа што треба да се земе предвид количината на јаглехидрати присутни во самата храна, а во случај на морковите таа е многу мала. Со други зборови, една порција варени моркови нема да го подигне нивото на шеќер во крвта. Затоа, секогаш треба да се земат предвид два фактори, гликемискиот индекс и гликемиската содржина, односно количината на јаглехидрати присутни во самата храна. Но, за да не се мачите премногу со пресметките, ви донесуваме список од 10 намирници кои активно придонесуваат за намалување на нивото на шеќер во крвта.
Тиквата и нејзините семки
Тиквата е намирница богата со растителни влакна и антиоксиданти, но и полисахариди кои го регулираат присуството на шеќер во крвта. Истражувањата за ефектите од месото од тиква врз нивото на шеќер во крвта се уште траат, но веќе ги имаме резултатите од истражувањето за влијанието на екстрактите од тиква и семките од тиква. Една неодамнешна студија на бразилски научници покажала дека конзумирањето семе од тиква веднаш по оброкот ја намалува гликемијата до 35 проценти.
Ленено семе
Околу 30 грама ленено семе дневно помага во намалување на нивото на шеќер во крвта. Совет е да го смелете грубо за да ја забрзате апсорпцијата на супстанцијата од семето. Најдобро е да го направите ова во мелница за кафе или во блендер, а потоа додадете го меленото семе во вашиот утрински јогурт или во житарките.
Чиа семе
Според истражувањето спроведено оваа година и објавено во списанието Journal of Food Science, ова семе е одличен сојузник за одржување на нивото на шеќер во крвта во нормални граници. И во овој случај треба да се даде предност на мелено семе, а дневната доза за да се постигне посакуваниот ефект е околу 25 грама.
Суво овошје
Сувото овошје не е само еликсир на младоста благодарение на неговата висока содржина на омега 3 масни киселини. Сувото овошје воопшто, како и кикириките и бадемите го намалуваат нивото на шеќер во крвта без оглед дали се јадат на празен стомак или после јадење. Исто така е идеална закуска која го снабдува организмот со енергија и го штити здравјето на срцето.
Шумско овошје
Капините, малините, јагодите и други шумски плодови имаат вредни здравствени својства затоа што се богати со растителни влакна, витамини, минерали и антиоксиданти. Но, тоа не е сè, тие исто така помагаат во регулирање на нивото на шеќер во крвта со зголемување на чувствителноста на инсулин. Студија спроведена во 2019 година и објавена во стручното списание „Obesity Society“ покажала дека 250 грама малини, конзумирани после оброк богати со јаглени хидрати, можат значително да го намалат нивото на шеќер во крвта.
Авокадо
Никогаш не одбивајте авокадо од страв да не се здебелите поради тоа што содржи премногу калории! Авокадото може да ве заштити од развој на метаболички синдром (хипертензија, висока гликемија и зголемен ризик од развој на хронични болести) и да го намали нивото на шеќер во крвта.
Брокула
Некои го обожаваат, а некои не ја поднесуваат. Но, едно е сигурно – брокулата е вистинско чудо кога станува збор за намалување на шеќерот во крвта. Ова се должи на сулфорафан, антоцијанин кој има антидијабетична активност. За најдобар ефект, посегнете по млада брокула во која вредните својства на овој зеленчук се високо концентрирани и може да се јадат сирови.
Црвена зелка
Антиоксидансите присутни во црвената зелка во големи количини, како што се кверцетинот и кемпферолот, имаат способност да го намалат нивото на шеќер во крвта и да имаат позитивен ефект врз зголемувањето на чувствителноста на инсулин.
Грав и леќа
Овие мешунки се богати со магнезиум, растителни протеини и влакна, а растворливите влакна и скроб го забавуваат варењето и со тоа ја подобруваат чувствителноста на инсулин.
Овес
Овесот и овесната каша, ако се консумираат редовно, помагаат во регулирање на нивото на шеќер во крвта благодарение на нивната содржина на растворливи влакна. Шолја овесна каша со шумско овошје и мелени бадеми е пример за идеален појадок за намалување на нивото на шеќер во крвта.
Фото: Unsplash