Кога ангелот на слатките ќе ви дојде на врата …

Снежана Ангеловска е синоним за хуманитарната организација „ХОА Ангелчиња“, за тортијадите „Слатка мистерија“ и „Интерскопкејкс“ и човек кој сака да подарува, се разбира, главно мали, слатки задоволства како што е и оваа пита со сливи и смокви. Преку својата ФБ страна Sweet Bakery, е секогаш на располагање кога ќе посакате некое интересно слатко задоволство

0
293

Таа е секогаш таму кадешто се најубавите торти, а нејзиното име е синоним за „ангелчињата“, хуманитарната организација која ја основаше пред цели 16 години за да им помага на оние на кои им е тоа потребно преку организирањето на најслатките хуманитарни манифестации, тортијадите „Слатка мистерија“ и „Интерскопкејкс“. За Снежана Ангеловска слаткарството е најубавата професија, особено чоколадото и артистиката и својата професија ја работи со љубов.

Преку својата ФБ страна Sweet Bakery ги пласира своите слатки и уникатни креации, слатки и торти кои заедно со својот тим ги изработува во работиницата ‘Sweet’, најпрепознатлива по долгометарските торти.

Најдобро од се е тоа што занаетот се труди да го сподели со секој кој е заинтересиран за оваа професија. Со нас го сподели рецептот за својата посна пита со сливи и смокви.

Посна пита со сливи и смокви

За тестото:

360 г брашно

250 г посен маргарин

50 мл вода

Кора од лимон

Прстофат сол

За филот:

100 г карамелизиран шеќер

500 г модри сливи (замрзнати, ако имате, ако не, можете да употребите и друго замрзнато овошје по ваш избор)

100 г мелени суви смокви

10 г ванилин шеќер

Приготвување:

Се замесува тесто од состојките, се обликува во топче и се остава во фрижидер еден час.

За филот се става во тавче на рингла шеќер за да се карамелизира. Се додаваат 500 г модри сливи, се мешаат и се додаваат 100 г мелени суви смокви кои ги врзуваат сливите да не се воденасти и даваат хомогена маса. Се остава неколку минути да се спојат состојките и на крај се додава 10 г ванилин шеќер.

Тестото се дели на два дела и се расукува кора за тавче (24 цм).

Се става одозгора филот па се покрива со другата половина од тестото. Се пече на 200° околу 10-15 минути, во зависност од моќноста на рерната.

Кога ќе зарумени кората одозгора се вади од фурната и се остава да се олади па се поросува со шеќер во прав.

Пред

 

Потоа