Атиџе, Арт кујна и скулпторот Горазд Христов, бред пудинг и мафини

Нашиот портал во соработка со скулпторот Горазд Христов, кој во случајов се покажа како извонреден кулинар и подготви еден куп чоколадни мафини и неговиот специјалитет - bread pudding, беа дел од денешното хуманитарно матине со нашата пријателка Атиџе Муратова, во скопското Бифе Тафталиџе

0
2450

На денешното матине чиј домаќин беше скопското Бифе Тафталиџе и пејачката и водителка Сузана Турунџиева, присутните имаа можност да се запознаат со хероината на филмот „Медена земја“, нашата пријателка Атиџе Муратова.

На настанот кој почна денеска (12.12.) точно на пладне, можеше да се купат книги од Турунџиева, а собраните средства се наменети за Атиџе Муратова.

Дел од настанот беа и екипата на „Арт кујна“ и скулпторот Горазд Христов кој подготви превкусни чоколадни мафини и неговиот специјалитет – бред пудинг, а присутните можеа да се заблажат со овие вкусни десерти и да донираат во кутијата наменета за Атиџе.

На продажба беа маици, заштитни маски, како и портретот на нашата хероина кој го изработи уметницата Снежана Мелник.


Бифе Тафталиџе, ги покани сите хумани луѓе да дојдат и да дадат свој придонес на ова добротворно матине, се разбира, со сите безбедносни протоколи.

Фото: Стефани Христов