Состојки:
95 г брашно
90 г шеќер
лажичка сол
100 г путер
2 јајца
2 лажици свеж сок од лимон
2 лажици рендана кора од лимон
Состојки за глазурата:
Шолја шеќер во прав
3 лажици свеж сок од лимон
2 лажички рендана кора од лимон
Приготвување:
- Во широка тава ставете хартија за печење и попрскајте ја со малку зејтин и ставете ја настрана.
- Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, солта и путерот.
- Во друг сад измешајте ги јајцата, па додадете ги сокот и кората од лимон. Додадете ја оваа смеса во првата и мешајте околу две минути.
- Ставете ја смесата во приготвената тава за печење и убаво распоредете ја. Печете на 180 степени околу 20 минути.
- Кога е готов, оставете го да се олади.
Глазура:
- Ставете го шеќерот во прав во голем сад и додадете ги останатите состојки и измешајте ги убаво.
- Ставете ја смесата врз испечениот и изладен колач и исечете го на коцки.