Денешниот петочки ручек е вистинска посна гозба. Лососот премачкан со изблендираните марокански солени лимони по рецептот на Бојана од ‘Ситно сецкано’, попрскан со маслиново масло, црн пипер и лукче, па испечен во рерна и салатата по рецептот на шеф Маре Јаневска, со мала измена, мајонезот што го употребивме беше посен.
Епа не мора секој петок да се јаде грав. Ако е посно, нека биде посно и богато, како за задушница. Вкусен вовед во претстојниот викенд.