Чај од ким: Лечи респираторни проблеми, го обновува црниот дроб, ја забрзува функцијата на бубрезите, го регулира притисокот

Црниот ким има силно влијание врз обновување на ткивото на белите дробови, чистење на респираторниот тракт, подобрување на белодробните функции. Накусо, вистински избор за ова време

0
564

Според истражувањето на научниците, црниот ким може успешно да уништи или ублажи 600 различни болести и состојби. За лекување, можете да користите масло, да направите чај или да додадете семе од ким во салатите или во јадењата.

Кога син ми беше бебе и имаше грчеви во стомакот, ме подучија да му правам чајче со неколку зрнца ким. Имено, кимот ги олеснува варењето, надуеноста и помага при грчеви во стомакот. Освен ова, кимот има и аналгетски, антибактериски, антиинфламаторни и антивирусни својства. Благодарение на неговиот состав, успешно го обновува црниот дроб, ги отстранува токсините, ја забрзува функцијата на бубрезите, го регулира крвниот притисок и го држи холестеролот под контрола.

Докажано е и дека има позитивен ефект врз дијабетесот и намалување на шеќерот во крвта.

Црниот ким, исто така, има силно влијание врз обновување на ткивото на белите дробови, чистење на респираторниот тракт, подобрување на белодробните функции.

Чај од црн ким против бронхитис и кашлица

Промешајте една лажица црн ким, една лажичка камилица и половина лажичка анасон во една чаша топла вода. Оставете да отстои 10 минути, процедете, засладете со мед и пијте неколку пати на ден.

Сируп против астма

Измешајте една мала лажичка иситнет црн ким, две здробени чешниња лук и две лажици мед. Секое утро на празен стомак земајте една лажичка сируп во период од три недели.

Фото: Unsplash