ПОЧЕТНА СОВЕТИ ДЕКОРАЦИЈА За нас компирот е компир, а јаболкото-јаболко, ама за овој јапонски уметник,...

За нас компирот е компир, а јаболкото-јаболко, ама за овој јапонски уметник, тие се материјал за деликатна уметност

0
394

Јапонската уметница создава прекрасни обрасци на овошје и зеленчук со рачна резба на сложени дизајни. Накусо, за нас јаболкото е само јаболко, но за јапонската уметница Томоко Сато, тоа е празно платно подготвено да се наполни со деликатна уметност. Томоко го посетила Тајланд уште во 2004. година и се вљубила во традиционалниот тајландски резбарски занает. Таа ја научила вештината, се вратила во Кјото и се префрлила од обработка на резба на дрво, на резба на овошје и зеленчук. Денес, Томоко ја претвора обичната храна во сложени скулптури за јадење. Прекрасни украси, симетрични дезени, форми кои како да не се од овој свет, сите создадени со рака, ја откриваат неверојатната вештина и уникатниот талент на Томоко.

Резбата во овошје е уметничка форма која бара екстремна посветеност, суптилност и око за детали. Секое овошје или зеленчук може да стане уметничко дело во рацете на квалификуван резбар, како краставици, јаболка или јагоди. Еден од најпопуларните избори е лубеницата, која најчесто се резба во слоевити цвеќиња, тродимензионални рози, сложени ливчиња, па дури и нежни лебеди. Обично се верува дека резбарењето на овошје потекнува од Кина од време на династијата Танг, која траела од 618 г. 906 година. Денес, овие уметнички дела за јадење не се користат само во културни и традиционални церемонии, туку можат да се најдат и во домаќинствата, хотелите и рестораните. Во меѓувреме, во Тајланд, резбарењето на овошје е само по себе уметност и занает. Првите резби на лубеница датираат од династијата Сухотаи, која владеела во XIV век.

Легендата вели дека за време на владеењето на кралот Фра Руанг, во 1364 година, дамата Нанг Нопомарт сакала нејзиниот сплав да се истакне меѓу другите на фестивалот. Затоа, таа зела еден цвет како образец и го издлабила во зеленчук. Таа, исто така, врежала мала птица за да седи во цветот. За нејзините вештини се вели дека толку многу го импресионирале кралот Фра Руан, што тој одлучил сите тајландски жени да го совладаат тоа. Денес резбите од овошје и зеленчук влегоа во мејнстримот и стасаа и до западната публика. Широко се застапени во луксузната кујна, на свадбени веселби и како раскошни украси.

#1

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

#2

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

#3

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

#4

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

#5

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

#6

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

#7

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

#8

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

#10

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

#11

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

#15

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

#16

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

#17

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

#18

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

#19

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

#20

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

#21

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

#22

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

#27

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

#28

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato

#30

Fruit-Carving-Art-Tomoko-Sato