Испробајте четири вкусни основи за чизкејк!

Од ситни бисквити до лешници и ф'стаци за верзијата без глутен, ви донесуваме вкусни рецепти за неколку различни подлоги за чизкејк.

0
223

Кога станува збор за чизкејк, вашата фантазија е границата. Од вкусната и освежувачка верзија со лимон и лимета, комбинацијата со други вкусови на овошје до чоколадната верзија … Но, чизкејкот не им е омилена торта за многумина не само поради кремастиот фил, туку и поради крцкавата основа. Затоа се враќаме на почетокот на приказната и ви донесуваме неколку идеи за подготовка на база за чизкејк.

Кексите со стопен путер можеби се класичен, брз и лесен избор, но доколку сакате да бидете креативни, еве неколку идеи што можете да ги искористите.

Зачинети бисквити

Зачинетите бисквити, како што се оние со цимет (speculaas) или со ѓумбир. Тие се вкусна основа за чизкејк од цитруси или за есенска верзија на чизкејк од тиква.

Орео кекси

Ако планирате да направите чоколадна бомба, не заборавајте да започнете да направите база од кекси Орео. Мелени, вкусни и темни, орео бисквитите се одлична основа за чизкејк со цреши или со вишни.

Здробени переци или снегулки

За време на следната подготовка, „изградете ја“ вашата торта од основа од мелени переци и путер од кикирики. Можете да користите и ситни снегулки, кои се особено вкусни кога ќе се спојат со стопено чоколадо!

Јаткасто овошје

Земете малку лешници, ореви или ф’стаци, исчистете ги и смелете ги. Потоа измешајте ги со путер и вашата основа без глутен е подготвена за понатамошна употреба!

Фото: Pixabey