Дали и како треба да се подгрева пире од компири?

Како и другите јадења со скроб направени со млечни производи, пирето од компири може да стане суво и лепливо ако се загрева премногу брзо и на премногу висока температура. Прочитајте повеќе за тоа како треба да се загрева, но и дали загреаниот компир е канцероген или токсичен

0
242

Загревањето на пире од компири не е лесно во смисла дека само треба да го пикнете во микробранова печка и тоа е тоа – работата е завршена.

Како и другите јадења со скроб направени со млечни производи, пирето од компири може да стане суво и лепливо ако се загрева премногу брзо и на премногу висока температура.

Затоа, за најдобри резултати, прескокнете ја микробрановата печка. Големата топлина ја извлекува влагата од пирето од компири и крајниот резултат нема да биде добар. Следниот пат, обидете се да го загреете во рерна!

Најдобар начин да се загрее пире од компири

Кога станува збор за загревање храна воопшто, The Kitchn пренесува дека преовладува теоријата дека јадењата треба да се загреваат на ист начин како што се готват. Но, тоа не е случај и со пирето од компири. Ако се обидете да го загреете на рингла како и што е направен, сè што ќе добиете е печен компир.

Наместо тоа, користете ја рерната и загревајте го полека за да добиете одличен резултат.

Постапка:

Пренесете го пирето во сад за печење: рамномерното загревање на компирот овозможува да се загрее побрзо со помалку сушење.

Додадете павлака и путер: Повеќе влага и маснотии се двете тајни состојки за повторно загревање на остатоците од пире од компири. Затоа, додадете на компирот една лажица путер и 100 грама павлака.

Покријте го и загревајте полека: Покријте го садот за печење со стаклен капак и ставете го во рерна на 180 степени на 20 до 30 минути.

На крај, важно е да се напомене и нешто околу честото прашање дали е безбедно да се загрева пире од компири или не? На порталот Мис Гастро на ова прашање одговара нутриционистката Сандра Мариќ Булат, која вели дека загреаниот компир не е канцероген или токсичен. Сепак, неговото повторно загревање доведува до рекристализација на зрната скроб, што ги прави потешки за варење и на тој начин може да создаде чувство на тежина во стомакот кај луѓе со чувствителен стомак.

Фото: Pixabey