Колку е здрава газираната вода?

Веројатно и вие некогаш ја имате оваа дилема, а особено ако често ја консумирате наместо обична вода

0
523

Постојат неколку митови во врска со тоа колку е добро, односно, колку не е добро да се пие газирана вода. Но постојат и истражува кои откриваат многу на оваа тема.

Еве што најдовме ние.

МИТ: Газираната вода не хидрира како обичната вода.
Бидејќи нејзината карбонизација доаѓа од јаглерод диоксид, многумина веруваа дека сите овие силни меури го спречуваат организмот да апсорбира течност.

Но, тоа не е точно. Всушност, една студија открила дека газираната вода после интензивно вежбање е исто толку ефикасна за компензирање на изгубената течност како и обичната вода.

МИТ: Газирана вода е штетна за забите и коските.
Јаглеродната киселина, која се формира кога водата доаѓа во контакт со CO2, може да ја еродира забната глеѓ, но само во високи концентрации.

Значи, можете да се опуштите, под услов да не пиете шест шишиња газирана вода на ден, и она што го пиете да не содржи сок од кисело овошје или шеќер. Друга студија која го испитала ефектот на газирана вода и пијалоци врз густината на коските откри дека сите видови се безбедни.

МИТ: Газираната вода дебелее.
Иако е точно дека пиењето поголеми количини на газирана вода предизвикува моментално надуеност, сепак е добра работа на подолг рок.

Воопшто не се шегуваме! Истражувачите откриле дека газираната вода создава многу посилно чувство на ситост од обичната вода кога се пие на празен стомак. И колку е поизразено чувството на ситост, толку е помала веројатноста да јадете нешто.

Сепак, избегнувајте газирани води со вештачки вкусови и засладувачи, бидејќи тие можат да ја зголемат потребата за слатки залчиња.

МИТ: Газираната вода предизвикува киселини.
Научниците утврдија дека навиката за пиење газирана вода не може да предизвика гастроезофагеален рефлукс.

Меѓутоа, ако страдате од овој проблем, кој се појавил од други причини, тогаш веројатно е подобро да пиете обична вода, особено со или после јадење.

Искуството покажува дека меурчињата од киселата вода може да ги влошат симптомите на постојниот рефлукс такашто го опуштаат отворот на хранопроводот и го олеснуваат враќањето на желудочната киселина.

Фото: Pixabey