Француски тост со сос од печурки

0
432

Состојки:
4 кришки леб
2 јајца
½ шолја млеко
3 лажици мајчина душичка
2 лажици маслиново масло
200 г печурки шампињони, сечкани
150 г шитаке печурки, сечкани
3 лажици путер
½ шолја кромид, сечкан
2 ½ лажички сос од домати
2 ½ лажички сенаменско брашно
¼ шолја шери бренди
¾ шолја павлака, по желба

Приготвување:
1. Запечете ги лепчињата врз хартија за печење 5 минути, па тргнете ги на страна.
2. Изматете ги јајцата со 2 лажички мајчина душичка, сол, пипер. Потопете ги лепчињата во оваа смеса 10 минути, со повремено превртување.
3. Загрејте масло во тава и додадете ги печурките. Пржете ги 6-7 минути. Потоа префрлете ги во друг сад.
4. Стопете 2 лажици путер во истата тава. Сипете го сосот од домати и брашното и пржете 1 минута. Додадете го шерито и пржете една минута.Сипете ја павлаката, ако ја ставате.
5. Загрјете 1 лажица путер, ставете ги лепчињата и испржете ги. Послужете го секое парче леб со ¼ шолја сос од печурки.