Новоизбраниот претседател Доналд Трамп не е многу срамежлив во врска со неговата љубов кон храната, пишува Фуд репаблик.
Како сега стои ситуацијата во Белата куќа? Барак Обама беше познат по тоа што комбинираше балансирана исхрана со редовно вежбање во работното време. Позната е ангедотата дека неговата ноќна ужинка се состоела само од точно седум лесно посолени бадеми.
Првата дама, Мишел Обама, пак, предводеше кампања за да инспирира здрави навики во исхраната кај децата, што вклучуваше ангажман на познатиот шеф Сем Кас да го надгледува проектот. Првиот пар имаше навика да посетува познати кулинарски места. Тие развија веб сајт Обама фудорама (Obama Foodorama) на кој беа изнесувани ставовите на претседателот во врска со темите како што се фрлање храна, семејни фарми и урбана агрокултура.
Се уште е рано да се каже каков ќе биде односот на Трамп кон храната за време на неговото претседателствување, но да видиме како тој се однесуваше за време на кампањата.
Трамп не се обидуваше да ја скрие неговата љубов кон брзата храна. Тој ја прослави номинацијата за кандидат на републиканците со оброк од неговиот омилен сендвич од „Мекдоналдс“. Тој брца во сад со пилешко додека чита „Вол стрит журнал“ во неговиот авион по кампањата во Пенсилванија и вечера пица на Тајмс сквер со Сара Пејлин.
Се чини дека идното прво семејство нема да бара скриени кулинарски бисери. А тоа е нешто непријатно. Отсекогаш било важно, како за луѓето, така и за рестораните, да го гледаат најмоќниот човек на нацијата како ужива во квалитетен оброк.
Има еден смешен аспект на навиките на Трамп околу исхраната со кој можат да се поврзат многумина од нас.
„Барем знаете што добивате“, му одговорил Трамп еднаш на Џими Фалон обидувајќи се да ги оправда своите навики за брзата храна.
Тој нарачува сендвичи Биг Мек и диетална кока-кола за да „заштеди калории“ со обемниот оброк. Фотографиран е како ги јаде сендвичите со виљушка и со нож и со тоа им се потсмева на претходните кандидати.
Изборот на Трамп за претседател предизвика лавина иселенички намери кај многу познати личности во САД, но не ги заобиколи ниту готвачите. Шефот на ресторанот „Нома“, Рене Реџепи, твитна од Копенхаген дека кога се разбудил дента по изборот на Трамп, неговиот инбокс бил полн со апликации за работа од Америка.
Според телесниот индекс, БМИ, новиот претседател е некаде помеѓу дебел и со прекумерна телесна тежина. Копнее за брза храна додека најголем дел од граѓаните се срамат од концептот на брзата храна. Во меѓувреме, познатите шефови ја одбија шансата да го преземат кормилото на новиот ресторан во хотелот на Трамп.