Швајцарец направи чоколадо против менструални болки

0
355
Еден маж ќе спаси и ќе развесели милиони жени. Марк Видмер е швајцарски чоколадиер кој изумил чоколадо направено специјално за жени – Frauenmond.
Тоа ги олеснува менструалните болки затоа што содржи 17 различни швајцарски планински билки чија комбинација со чоколадо го подобрува расположението, а воедно и смирува. Чоколадото содржи 60% какао, а токму во тоа е и „клучот“. Темните и црни чоколади со многу какао содржат магнезиум кој го опушта телото и ги спречува грчевите. Освен тоа, го ослободува и хормонот на среќа – серотонин.
Засега ова чоколадо може да се купи само во Швајцарија.