Дали сте размислувале за тоа што е здраво да се јаде прво наутро? Според експертите, еве што не треба да се јаде на празен стомак.
Храната што содржи квасец може да го иритира желудникот и да предизвика надуеност, па ако јадете тесто за појадок, комбинирајте го со друга храна. Надуеност и болка во стомакот, исто така, создаваат зелениот зеленчук, а би било добро да избегнувате и слатки. Храната полна со шеќер го зголемува нивото на инсулин, го оптоварува панкреасот, што го зголемува ризикот од дијабетес и создава чувство на недостаток на енергија во текот на денот.
Не го почнувајте денот со банани бидејќи тие брзо го зголемуваат магнезиумот во крвта што не е добро за срцето. Исто така, не се препорачуваат агруми, иако се тие богати со витамини бидејќи го зголемуваат ризикот од чир. Ако пиете јогурт и други ферментирани млечни производи на празен стомак, киселината во желудникот ќе ги уништи млечните бактерии кои се инаку многу вредни.
Фото: Pixabey