Состојки:
4 јајца
150 г црно чоколадо
150 г крем-сирење
Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 170 степени.
2. Одвојте ги жолчките од белките.
3. Чоколадото стопете го на пареа, па додадете го крем-сирењето. Тргнете од оган и додадете ги жолчките.
4. Изматете ги белките, направете цврста пена и полека додавајте ја другата смеса.
5. Намачкајте го калапот со зејтин и ставете ја смесата. Ставете го калапот во подлабок сад со врела вода и печете околу 15 минути, а потоа намалете ја температурата и печете уште толку. Оставете го колачот во исклучена рерна дополнителни 15 минути.
6. Оставете го да се олади и послужете.