Едноставен рецепт за пченкарни крекери

Сакате да грицкате нешто здраво? Или барем домашно...

0
794

Состојки:

1 чаша брашно (плус уште малку за поросување)

1 чаша пченкарно брашно

1/2 чаша рендан пармезан

3 лажици омекнат путер

3/4 лажичка сол

За поросување: 2 лажици зачински билки по желба или семки.

Приготвување:

Измешајте ги белото и пченкарното брашно, сирење, путер и сол со ¾ чаша ладна вода. Замесете тесто и завиткајте во проѕирна фолија и оставете да отстои половина час до 2 часа.

Загрејте ја рерната на 200C. Поделете го тестото на два дела и расукајте ги тенко. Поросете го тестото со сол, рузмарин, босилек, мелен пипер,… (или други зачини по желба), а па поминете уште еднаш со сукалото за да се втиснат зачините во тестото.

Исечете ги крекерите во форми по желба и малку избоцкајте ги со вилушка. Внимателно префрлете ги во тепсијата за печење врз хартија за печење и печете ги 15 до 20 минути. Оставете ги да се изладат за да станат крцкави. Чувајте ги кога ќе се изладат во затворен сад или во тегли.

Рецептот е од ТУКА.