Посни мафини со пченкарно брашно

Овие вкусни мали проички се посни, но и полни со вкусови поради мешавината од семки кои се ставаат во самата смеса

0
1872

Состојки:

3 шолји пченично брашно

3 шолји брашно за палента

3 шолји кисела вода

1 прашок за пециво

1 шолја масло

30 гр сусам

30 гр семки од сончоглед

30 гр ленено семе

лажичка сол.

Приготвување:

Измешајте ги киселата вода и маслото и полека додавајте ги прашокот за пециво, пченично и брашното за палента, мешајќи за да се добие мазна мешавина, без грутки.

На крај додадете ги семињата и солта и повторно измешајте за да ги комбинирате состојките. Истурете во подмачкани калапи за мафини (до 2/3 бидејќи тестото ќе ви нарасне).

Печете во рерна загреана на 200 ° C околу 15 минути (треба да бидат златно жолти).

Фото: Pexels