Состојки:
3 шолји пченично брашно
3 шолји брашно за палента
3 шолји кисела вода
1 прашок за пециво
1 шолја масло
30 гр сусам
30 гр семки од сончоглед
30 гр ленено семе
лажичка сол.
Приготвување:
Измешајте ги киселата вода и маслото и полека додавајте ги прашокот за пециво, пченично и брашното за палента, мешајќи за да се добие мазна мешавина, без грутки.
На крај додадете ги семињата и солта и повторно измешајте за да ги комбинирате состојките. Истурете во подмачкани калапи за мафини (до 2/3 бидејќи тестото ќе ви нарасне).
Печете во рерна загреана на 200 ° C околу 15 минути (треба да бидат златно жолти).
Фото: Pexels