Популарниот шеф ги смислил овие кекси во кои го заменува брашното со остатоци од р’жан леб. Остатоците не морате повеќе да ги фрлате или да ги претворате во лебни трошки, туку можете да ги искористите за брз десерт.
Од една смеса можете да направите дури 24 кекси, идеални за попладневно опуштање.
Состојки:
100 г темно чоколадо
100 г р’жан леб
2 големи јајца
50 г шеќер во прав
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Пректијте ја тепсијата со хартија за печење и ставете малку маслиново масло. Растопете го чоколадото на пареа, тргнете го од оган и додадете го путерот. Мешајте додека не се стопи. Лебот раздробете го, па додадете ги јајцата и шеќерот. Мешајте додека сите состојки не се соединат. Ставете ја смесата во еднократна кесичка за украсување, исечете го врвот од кесичката и истискувајте тркалезни форми со големина од 3-4 цм.
Печете ги 8 до 10 минути, извадете ги од рерна и поросете ги со малку крупна сол.
Фото: Фејсбук