Прв меѓународен гастрономски натпревар „Македонија 2016“ во Скопје

Над 100 учесници од земјата и странство поделени во јуниорски и сениорски категории, поединечно и тимски ќе се натпреваруваат во повеќе категории.

0
332

Oд 17-20 октомври 2016, во Скопје во организација на Здружението на готвачи Гастро Мак, членка на WACS – World Association of Chefs Socities (Светската асоцијација на шефови на кујни) ќе се реализира меѓународен гастрономски натпревар.

Натпреварувачкиот дел се случува во хала 4 на Скопскиот саем во двата работни дена на 18 и 19 октомври од 08 до 20 часот. Свеченото отворање на Првиот меѓународен гастрономски натпревар ќе биде во 12 часот на 18. октомври во присуство на сите меѓународни судии и натпреварувачи од повеќе земји меѓу кои сите земји од регионот Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Италија, Романија, Швајцарија, Словачка, Шведска, како и гости од Израел и Египет.

Натпреварувачките боксови ќе бидат во функција над 200 пати, што ќе претставува вистински празник за готвачите и за посетителите на хала 4 на Скопскиот саем.
Над 100 учесници од земјата и странство поделени во јуниорски и сениорски категории, поединечно и тимски ќе се натпреваруваат во повеќе категории со една цел да се достигне што подобар пласман и да се влезе во финалето меѓу 8-те најдобри во секоја категорија за да се освои првото место и престижниот пехар „Македонија 2016“.

На првиот меѓународен гастрономски натпревар натпреварувачите ги имаат категориите
Јуниори
– Национално јадење на модерен начин – екипно
– Подготвување паста- тестенина – поединечна конкуренција
Сениори
– Национално јадење на моререн начин – индивидуално
– Подготвување јадење од риба – индивидуално
– Подготвување јадење од пилешко месо

– Како организатори сакаме да го истакнеме нашето задоволство од големата заинтересираност за пријавување во натпреварувачкиот дел на учениците и студентите од угостителските училишта и факултетите за Туризам и гастрономија во Република Македонија. Со тоа веруваме дека оваа универзална професија на готвач и во нашата земја од ден на ден станува се поатрактивна. Се надеваме дека јавноста ќе го препознае нашиот обид да придонесеме во поместување на стандардите на професијата и презентација на гастрономијата на Република Македонија на светската мапа на гастрономски нации – велат организаторите од Гастро мак.

Паралелно во двата натпреварувачки дена во халата 4 на Скопскиот саем, ќе се одвива и ревијален дел со многу работилници и готвења во живо од познати шефови на кујни.