Состојки:
400 г праз
150 г сланина
300 г спанаќ
500 г младо сирење
3 јајца
40 дл млеко
20 дл минерална вода
250 г брашно
масло
сол,бибер
Приготвување:
Подгответе вообичаена смеса за палачинки од јајцата, млекото, минералната вода, малку масло и сол. Испечете 15-20 палачинки. Празот исечете го на тенки кругови, спанаќот на ленти и сланината на коцки. Сланината пропржете ја кратко, извадете ја од тавата, а потоа во истата маснотија што ќе остане пропржете го празот, зачинете по вкус со сол и бибер, а кога празот ќе омекне, додадете го спанаќот и динстајте уште неколку минути. Изладената смеса измешајте ја со сирењето и сланината и потоа филувајте ги палачинките. Наредете ги во намрсена тава, и премачкајте ги со тенок слој од јајце и малку млеко. Според вкусот, можете да ставите и малку кечап или изрендан пармезан.
Потпечете во рерна на 180 степени, околу 20 минути.