Позната е изреката: Здрав црн дроб – здраво тело! Црниот дроб е најзначаен орган за детоксикација и претставува „лабораторија“ на организмот, а за да го зачуваме нејзиното здравје, важно е од исхраната да ги исфрлиме следните намирници:
Мрсната брза храна не заслужува да биде дел од вашето мени. Со консумирањето на храна која содржи висок процент на заситени маснотии (бургери, помфрит) го загрозува функционирањето на црниот дроб. Може да предизвика воспалителни процеси во телото, а често може да биде тригер и за цироза на црниот дроб.
Треба да се ограничи и нивото на шеќери, затоа што честото консумирање на слатки може да предизвика болест позната како замастен црн дроб. Една од задачите на црниот дроб е да го претвори шеќерот во маст, а кога внесуваме премногу шеќери доаѓа до натрупување на висцеларна, внатрешна маснотија која предизвикува разни заболувања.
Истражувањата покажале дека претераното внесување сол предизвикува фиброза на црниот дроб. Обрнете внимание на тоа колку ја солите храната, но внимавајте и на скриената сол која ја содржат грицките и брзата храна.
Стручњаците за здравје препорачуваат чаша вино на ден, но секое прекумерно консумирање на алкохол може да биде погубно за здравјето и тригер за цироза на црниот дроб.
Во многу грицки се скриените сол, шеќер и масти. За да го зачуваме здравјето на црниот дроб заменете ги чипсовите и преработената храна со овошје или јаткасти плодови.
Фото: Pixabey