Ибрахим Седеф, производител на мед во Турција поминал многу непроспиени ноќи поради мечките кои му го краделе медот и му ги уништувале кошниците.
Првин се обидувал да ги спречи такашто поставил заштита околу медот, но тоа не помогнало, па освен што го изгубил медот, претрпел и дополнителна материјална штета.
Потоа поставил ноќни камери и се обидел да научи нешто од однесувањето на мечките што би можело да му помогне во борбата против нив. И добил одлична идеја.
Наместо да се обиде да ги избрка од неговиот мед, тој им поставил маса со примероци и ги претворил мечките во дегустатори. Снимката од дегустациите подоцна ги споделил со медиумите па така добил и бесплатна реклама.
Имено, се покажало дека мечките имаат многу „скап“ вкус па така најмногу уживале во медот Анзер чија цена достига и до повеќе стотици евра за 1 килограм.