Рецептот за овие здрави кекси ги најдовме на блогот Rabbitfoodformybunnyteeth.
Состојки:
180 мл павлака
3/4 шолја брашно од целовити зрна
½ шолја кокос
1 јајце
1 цвекло со средна големина, излупено и изрендано
1 лажичка екстракт одванила
1 лажичка екстракт од малина
1 лажичка прашок за пециво
За поросување:
1/4 шолја кокос
10 несолени мелени бадеми
24 бадеми за украс или чоколадни топчиња
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 C.
Помешајте ги ренданото цвекло, јајцето и екстракти и измеајте ги во блендер. Додадете ја павлаката и продолжете да мешате додека не се соедини.
Во посебен сад измеајте ги брашното и прашокот за пециво, па додадете ја мешавината со цвеклото и 1/2 шолја кокос. Измешајте заедно и ставете ја смесата во замрзнувач на 15 минути за да биде полесна за ракување. Додека смесата се лади смелете ги бадемите, па помешајте ги со ¼ шолја со кокос. Извадете ја смесата од замрзнувач, па облиувајте бомбици со пречник од околу 2,5 цм, извалкајте ја секоја во мешавината од бадеми и кокос и редете ги на тепсијата. По малку притиснете ги со прстите за да ги израмните.
Печете 10 минути, а кога ќе ги извадите од рерна веднаш во средината втиснете по еден бадем или по едно чоколадно топче. Оставете да се оладат.
Фото: Rabbitfoodformybunnyteeth.