Состојки:
4 јајца
150 мл маџун
150 г стопен путер
200 мл јогурт
200 г брашно од хељда
150 г пченкарно брашно
1 ванилин шеќер
10-15 сливи
малку оревчиња
1 лажичка сода
1/2 лажичка прашок за пециво
Приготвување:
Калапите за мафини премачкајте ги со путер и исечкајте внатре по 1-2 сливи, зависно од големината, ставете малку ванилин шеќер и сечкани оревчиња.
Скршете ги јајцата во еден сад и изматете ги со миксер. Додадете го маџунот и јогуртот, а потоа и брашната, прашокот за пециво и содата. Смесата истурете ја врз сливите во калапите за мафини и ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.
На крајот, ако сакате, ставете шеќер во прав.