Нерафинираната морска сол е многу повеќе од зачин: таа е скапоцен сојузник на здравјето кој ги чисти и штити варењето, бубрезите и циркулацијата.
Пред повеќе од 6 илјади години ја викале бело злато, а луѓето се лекувале со морска сол поради нејзините единствени особини.
Морската сол е можеби најскапоцената супстанција од која последните години речиси се откажавме, а која апсолутно мора да се врати во исхраната: како ниедна друга таа го штити организмот од слободните радикали.
Внимавајте, не станува збор за обичната кујнска сол која со рафинирање ги губи терапевтските својства.
Сол која најмногу би требало да биде застапена во исхраната е т.н. солен цвет. Не може да се произведе индустриски туку само на природен начин. Кристалите кои го сочинуваат горниот слој од талогот на солта се собираат, се берат рачно и се сушат на сонце. Таквата сол се продава необработена, богата е со калциум и магнезиум сулфат кои ги нема во камената сол и секако, нема адитиви.
Се произведува во базените за сол во француското село Гуеранде во Бретања, позната како fleur de sel, додека најценетата италијанска верзија fiore di sale доаѓа од сицилијанското село Трапани и се бере само во утрата кога нема ветер.
Кристалите на морската сол имаат терапевтско дејство благодарение на 83 елементи кои ги содржат, во состојба се да превенираат, но и да излекуваат многубројни здравствени проблеми.
Треба да се одбере една од трите видови сол, а тоа се интегралната од францускиот Атлантик, химелајската розева сол и солен цвет.
Во текот на еден месец пијте чаша вода со лажичка сол пред одење на спиење и ќе го зајакнете имунитетот и ќе го подобрите варењето.
Ако сакате заби без кариес, редовно плакнете ја устата со солена вода и ќе го спречите задржувањето и развојот на бактериите, како и воспалението на непцата.
Плакнењето со солена вода е корисно и кај алитоза, воспаление на грлото или фарингитис.
Забрзаното стареење на кожата ќе го спречите со солени бањи: наполнете ја кадата со топла вода, додадете 1,5 кг цвет на солта, измешајте целосно да се истопи, и легнете.
Ваквата бања помага кај акни, иритации, убоди од инсекти, отечени нозе, а корисна е и за проблеми со мускулите, грчеви, исчашувања и болки во грбот.
И после удар облог од морска сол ќе го спречи отекувањето и воспалението на ткивото.
Многубројни истражувања покажале дека секојдневно испиена чаша вода со лажичка сол одлично делува и против стрес, нервоза и депресија, особено ако истовремено, умерено се изложуваме на сонце.
Солен цвет се употребува и во готвењето со тоа што не се додава веднаш, во текот на термичката обработка на намирниците, туку на крајот.
Според ајурведата, умереното внесување на сол го чисти организмот, ја поттикнува елиминацијата на токсините, ги подмачкува и навлажнува ткивата, го подобрува метаболизмот, делува како благ лаксатив, спречува грчеви, го регулира крвниот притисок, кардиоваскуларните болести, бројните кожни болести, предвременото стареење на кожата и темето, воспалителните процеси…
Фото: Pixabey