Состојки:
150 г повеќенаменско брашно
пола лажичка прашок за пециво
пола лажичка сол
пола лажичка куркума во прав
1 лажичка маслиново масло
100 мл вода
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200°C.
Во сад измешајте ги сите суви состојки, а потоа додадете ги маслото и водата. Замесете тесто и расукајте го колку можете потенко врз хартија за печење. Исечете го во саканите облици и големина. Префрлете ги заедно со хартијата за печење на тепсијата за печење и печете 15-20минути додека не станат крцкави. Оставете ги да се оладат.
Како прилог можете да користите некое макало или намаз.
Фотографијата и рецептот се од ТУКА.