Во лето е добро секогаш да се има лубеница во фрижидерот.
Кога ви треба брзо освежување или ви се јаде нешто слатко, само исечете си една кришка и уживајте.
Но од неа можете да направите и оброк.
Искомбинирајте ја со авокадо и сирење и имате брз , вкусен и здрав оброк.
Состојки:
1 авокадо
2 лажици маслиново масло
сол, црн пипер, сок од лимон
3 китки рукола
1/4 кромид, тенко исечен
700 г разладена лубеница, исечена и исчистена од семките
100-150 грама фета сирење, здробено или исечено на коцки
Приготвување:
Во еден помал сад измешајте сок од лимон и масло и додадете сол и црн пипер
Во поголем сад измешајте рукола и кромид и прелијте ги со мешавината од лимон и масло, а потоа додадете ја и лубеницата, авокадото и сирењето.