Една недела без пластика

Дали се обидовте и вие барем една недела да му се придружите на глобалното движење – Јули без пластика кое ги поттикнува луѓето да се обидат да живеат без пластика барем еден дел од месецот?

0
120

Ако одлучите да ја искористите последната недела од јули и ако досега не се обидовте, пробајте барем сега да го поддржите ова глобално движење кое ги поттикнува луѓето да се обидат да живеат без пластика барем еден дел од месецот.

Најпрвин сконцентрирајте се на тоа да ги исфрлите од употреба пластичните кеси, чаши, шишиња, стапчиња за уши, сламките и еднократна пластична амбалажа.

Купете си еколошки стапчиња за уши и подгответе си неколку платнени торби за пазарење, а барем една секогаш носете во чантата, а на работа однесете си нормален прибор за јадење и не купувајте повеќе еднократна пластика.

Ќе видите дека користењето на еднократна пластика не зависи само од вас.

На пример, ако сакате да купите парче лубеница ќе видите дека е тоа завиткано со проѕирна фолија, а слично е и со овошјето кое во некои локални маркети се продава само во пластични кутии, а и ако можете сами да си ги одберете и да ви ги измерат, неопходно е да земете пластична кеса, бидејќи никаде не постои поинакво пакување.

Едноставно, нема еколошки прифатливи алтернативи.

Бидете внимателни и ако нарачувате храна. Обично и таа се пакува во еднократна пластика.

Еднократна пластика има сигурно и во
секое ќоше од својот дом. Најголем проблем е амбалажата. На пример, тоалетната хартија е спакувана во пластична кеса, а истото важи и за многу други производи кои ги купувате, како и туферите за вадење шминка, шампоните, геловите за туширање и слични производи.

Речиси секој производ што ќе го купите ќе биде на некој начин спакуван во еднократна пластика. Ако на овие жештини висе припие вода додека сте надвор, ќе мора да купите вода во пластично шише, а ако ја заборавите платнената торба ќе мора да земете пластична кеса.

Сепак, не се обесхрабрувајте. Избегнувањето на некои пластични предмети може да биде лесно. .

Ќе почнете да ја забележувате непотребната количина пластика во секојдневниот живот, а тоа е и целта на движењето „Јули без пластика“. Имено, станување свесен за количината на пластика која ја користиме, а потоа и менување на свеста и конечно, на однесувањето. А доволна е и само една недела за да видите колку самите вие ја загадувате природата и да сфатите дека мора под итно да почнете да ги менувате своите навики.

Почнете од мали работи какви што се веќе споменатите платнени торби, стаклени чаши, еколошки стапчиња за уши.

Поттикнете ги на ова и вашите пријатели, но секако, потребно е да се менува системот и да се понуди алтернатива за сета еднократна пластика на сите места на кои се користи.

Фото: Pixabey