Сладолед со кокосово млеко и портокал

0
880

Состојки:
1 ¾ шолја кокосово млеко
2 средни портокала
4 лажици засладувач
1 лажичка екстракт од ванила

Приготвување:
1. Излупете ги портокалите и разделете ги на парчиња. Ставете ги во замрзнувач.
2. Во блендер измешајте го кокосовото млеко и половина од смрзнатите портокали. Потоа додадете ја другата половина од портокалите и измешајте добро.
3. Додадете го засладувачот (мед, шеќер во прав, јаворов сируп) и ванилата. Повторно блендирајте.
4. Ставете ја смесата во кутија и замрзнете ја. Кога ќе сакате да послужите нека отстои малку за да извадите поубави топчиња сладолед.