Да се заблажиме: Колач со аронија и рогач

Дали и вие, љубителите на благо, имате помалку грижа на совест кога правите демек здраво колаче со кафеав шеќер и здраво овошје?

0
400

Состојки:

4 јајца

150 г стопен путер

50 г кокосово масло

200 г брашно

200 мл јогурт

70 г кафеав шеќер

2 лажици рогач

300 г аронија

1 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

Приготвување:

Изматете ги јајцата со шеќерот, па додадете ги оладениот стопен путер и кокосовото масло и јогуртот.

Потоа додадете ја мешавината од брашно, рогач, прашок за пециво и ванилин шеќер.

Помешајте ја во смесата аронијата (ако е замрзната, не чекајте да се одмрзне, слободно ставете ја веднаш во смесата).

Истурете ја смесата во калап за колач во кој ќе ставите хартија за печење и печете околу 40 минути.

Не го сечете колачот пред да се излади.