Сладолед со чај Earl grey

0
607

Состојки: 
250 мл полномасно млеко
125 г шеќер
500 г течна павлака
2 лажички чај Earl Grey
5 жолчки од големи јајца
4 бисквити

Приготвување:
1. Ставете ги млекото, павлаката и шеќерот во голем сад на средна температура и варете десетина минути со мешање додека шеќерот се стопли а смесата да пушта пареа.

2. Додајте ги кесичките или ливчињата чај, тргнете го садот од огнот и покријте го. Оставете го така десетина минути, за чајот да искисне во смесата.

3. Доколку користите ливчиња чај, прецедете ја мешавината преку цедалка за да ги отстраните ливчињата.

4. Во голем сад, изматете ги жолчките од јајцата додека да станат пуфкасти. Постепено додавајте ја мешавината со млекото и матете постојано додека да се изедначи смесата.

5. Вратете ги изматените состојки во лонец и варете 5 минути на средна температура, додека смесата да згусне убаво. Сипете ја смесата во машина за сладолед и процесирајте ја според упатството, додека да смрзне и да се стврдне убаво.

6. Префрлете го сладоледот во сад и ставете го во замрзнувач да се заледи. Пред да го послужите, извадете го од замрзнувач и оставете го да омекне барем 5 минути. Послужете со изронети бисквити одозгора.