Официјалниот почеток на фестивалот на улична храна е закажан за сабота, од 11 часот, а ќе го отвори тимот на „Вкусни Приказни“. Веќе на пладне ќе ги проследиме Nu House& Friends со нивната интерактивна вкусна работилница. Во текот на денот преку пикник ќе ја проследиме магијата на готвачот Cooking with Branko, а веднаш потоа Bonita Vita ќе ни ги презентираат нивните вкусни органски намази!
Убавите нешта, уникатноста и возбудата се она што фестивалот го слави, па така ќе имаме можност да погледнеме како се креираат уникатните букети што се јадат на Букет среќа, ќе чуеме долго чувани тајни и ќе научиме корисни совети, а ќе отвориме нови перспективи преку презентацијата на „Готвиме со Теа“ која ќе креира Цезар салата на еден поинаков начин!
Од 18 часот паркот ќе го претвориме во подиум – ќе танцуваме и ќе се забавуваме со нашиот DJ Boogieman.
Ни неделата нема да е помалку возбудлива: Zaum Organic ќе ги донесат своите органски путери од лешник, а веднаш после нив следни вистинска слатка бомба од вкусови – Donutbar Skopje ќе не внесат во нивната кујна и ќе не научат како да
направиме највкусни крофни! Неделното попладне ќе биде збогатено со уникатните вкусови на брендот Леска на Пеце Клечкаровски, по чиј настап ќе следи и кратка
дегустација. Слоу Фуд Водно ќе ни презентираат гастрономска култура инспирирана од традицијата, Тазе пуканки ќе создадат филмска атмосфера со нивните пуканки, а
на крајот Нутриционист Консалтинг ќе не подучат на тема исхрана со својата презентација „Македонската кујна некогаш и сега“.
Запознајте се со учесниците на фестивалот на официјалната Фејсбук страна и секако, следете го официјалниот настан за дополнителни информации и изненадувања.
Се гледаме овој викенд… а дотогаш, останете гладни!, велат организаторите.
Фото: Pexels