Денови на шведската кујна во ресторанот „Дистрикт“

За содржината на менито и приготвувањето на специјалитети ќе се погрижат шефот на ресторанот „Дистрикт“, Петер Татар заедно со најпознатиот шеф во Шведска, Магнус Албректсон.

0
1098

Денови на шведската кујна се организираат во ресторанот „Дистрикт“ на хотелот „Мериот“ Скопје од 9 до 19 јуни под мотото „Taste the SweDish“. Во текот на овие десет дена посветени на гастрономијата и несекојдневните специјалитети, скопјани ќе имаат можност да ги вкусат шведските традиционални оброци приготвени на автентичен начин.

За содржината на менито и приготвувањето на специјалитети ќе се погрижат шефот на ресторанот „Дистрикт“, Петер Татар заедно со најпознатиот шеф во Шведска, Магнус Албректсон. Со оглед на тоа што ресторанот „Дистрикт“ има отворен галериски поглед на кујната, гостите ќе ја имаат исклучителната можност, достапна само тука, да набљудуваат како се создава кулинарската магија со подготовката на најпознатите шведски специјалитети.

Сите ексклузивности на скандинавската кујна, послужени во уникатниот, модерен и автентичен ентериер на ресторанот „Дистрикт“, ќе овозможи дополнително уживање за гостите. Заедничкото мајсторство на шефовите Татар и Албректсон ќе им ги претстават на гостите спецификите на скандинавската кујна и типичните манири во дневната исхрана или оброци за специјални пригоди, а ќе имаат можност да вкусат шведско говедско рагу, гравлакс на тост или шведски ќофтиња со лингонбери бобинки.
Ресторанот „Дистрикт“ и хотелот „Мериот“ го организираат настанот Денови на шведската кујна во соработка со Амбасадата на Кралството Шведска во Република Македонија.