Сок и чај од бозел, лековито и вкусно освежување

Досега е познато дека бозелот лекува грип, кашлица, затнати синуси, бронхитис, астма и алергии, го поправа имунитетот, а помага и кај дијабетес и запек. Наводно, од црн бозел се прави и лек за рак

0
4317

Порано бозелот беше често дел од домашната понуда на сокови и најубаво освежување во летниот период. Вкусот е незаборавен, а уште кога домашниот сок од бозел убаво ќе се олади и ќе се помеша со сок од лимон, нема поубаво. И еве токму сега, во мај, бозелот цвета и време е да најдете дрво бозел, да ги наберете цветовите и да направите сок или барем чај.

Луѓето порано го користеле бозелот токму поради неговите здравствени придобивки, а притоа уживале и во исклучително вкусните напитоци.

Всушност, за бозелот велат дека е една од најлековитите билки на светот затоа што содржи големи количини флавоноиди, каротен, витамин Ц.

Досега е познато дека лекува грип, затнати синуси, бронхитис, астма и алергии. Исто така, докажано е дека сокот од бозел го поправа имунитетот, а помага и кај дијабетес и запек.

Чај против кашлица

Чајот од суви цветови бозел лекува упорна и сува кашлица. Овој чај можете да им го давате и на деца, но претходно сепак посоветувајте се со лекар. Сѐ што треба да направите е цветовите бозел да ги исушите на темно и суво место, кога ќе се исушат да го здробите и да ги чувате во стаклен сад за чај.

Сок од бозел

Во 1 литар ладна вода потопете 20 цветови свеж бозел. Нека стои на ладно место (но не во фрижидер) 24 часа. Исцедете, додадете 800 г шеќер и сок од 1 лимон и оставете да стои уште 24 часа. Повремено измешајте за да се растопи шеќерот. Исцедете преку двојна газа и ставете го шишиња. Се разбира, овој сок се пие разреден со вода, а можете да користите и газирана вода.

Црн бозел, лек против рак

Еден човек од Бугарија неодамна направи вистински метеж тврдејќи дека лекот од црн бозел му помогнал да го победи ракот. Црниот бозел расте околу речните канали, и дава плод кој потсетува на боровинки. Плодовите созреваат кон крајот на август и почетокот на септември. Плодот треба да биде добро узреан за да ги има лековитите својства. Кога ќе ги наберете бобинките, измијте ги и ставете ги во тегли, редејќи наизменично еден ред бобинки, па еден ред шеќер, додека теглата не се пополни до врвот.

Чувајте ја теглата на место кадешто има сонце за да може да дојде до вриење. После две недели, теглата треба да се затвори и да се стави во фрижидер.

Можете да направите 2, 3 или 4 тегли, но мора да имате најмалку две за да имате доволно од овој лек до следната година. Земајте најмалку 1 лажичка секое утро на празен стомак, 10 минути пред оброкот.

Наводно, токму на овој начин приготвениот црн бозел бил лекот за рак.

Фото: Pixabey